Врескање и удирање, останатите патници се во шок
Масовна тепачка во која наводно учествувале дури 15 жени, во четвртокот избила на летот на Гол ерлајнс од Ел Салвадор до Сао Паоло, Бразил, јавуваат светските агенции.
На видеото објавено на „Твитер“ се гледа како екипажот се обидува да ги раздвои жените кои си кубат коси и крвнички се удираат.
Останатите патници сведочат дека во еден момент тепачката станала толку агресивна што една од жените останала без облека и морала да си ги покрие градите со раце.
Наводно, дошло до расправија меѓу две семејства откако една мајка прашала друга патничка дали може да ги смени седиштата со своето дете со посебни потреби. Но, кога нејзиното барање било одбиено, таа збеснала и почнала да ја напаѓа патничката. Расправијата брзо ескалирала и завршила како масовна тепачка меѓу две групи жени.
Авионот, на крај, полетал со два часа задоцнување.