Жирито го освои од прва, а на првата аудиција пред неколку месеци рокерот Ѓорѓе Давид ѝ порача дека одамна се нема појавено таков талент во популарното музичко шоу
Струмичанката Славица Ангелова синоќа повторно блесна во новото издание на „Ѕвездите на Гранд“.
Со својот исклучителен вокал, оваа 20-годишна талентирана пејачка го воодушеви жирито. Освои шест позитивни гласови и продолжи во следниот круг. Се претстави со песните „Златни Дан“ од Бисера Велетаниќ и „Колена“ од Кристина Ковач.
Ангелова има искуство на оваа сцена откако претходно учествуваше и во шоуто „Неки нови клинци“. За свој ментор го одбра рокерот Ѓорѓе Давид кој на првата аудиција ѝ порача дека одамна се нема појавено таков талент во популарното музичко шоу.
„Ми претставува голема чест. Морам да ти кажам дека од Џејла Рамовиќ се нема никој појавено, барем што се однесува до мене, кој толку ме има изненадено и усреќено. Навистина ти се радувам“, ѝ порача тогаш Ѓорѓе Давид.
Славица, инаку студентка на медицинскиот факултет, на јавноста ѝ е позната и по учеството во бугарскиот The Voice.
Оваа автентична млада интерпретаторка големо внимание посветува и на изгледот. Во секојдневието е поопуштена и секогаш е за кежуал варијанта, соодветна на нејзината возраст. „Во секој случај, мојата цел е да бидам оригинална и своја“, истакна во една прилика.
Ние ѝ посакуваме многу среќа во понатамошното натпреварување. Веќе покажа дека е еден од најсериозните кандидати за победа.
Фото: Гранд Онлајн/Инстаграм/Принтскрин Јутјуб
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.