fbpx

Ве лажат и на пазар и во маркет: Само ВАКА ќе препознаете домашни јагоди

Јагодите се едно од највкусните и најомилените овошја во светот. Нивната сочна и слатка пулпа има освежителен вкус кој лесно се топи во устата.

Покрај тоа, јагодите се преполни со витамин Ц и други хранливи материи кои се корисни за здравјето.

Сезоната на јагоди започна, а тоа значи дека сите повторно уживаме во нив. Генерално, добри јагоди може да се купат од средина на пролетта до почеток на летото, односно од април до јуни, во зависност од географската локација и климатските услови. Сепак, ова може да варира во зависност од видот на јагодата и регионот каде што се одгледува.

Омилено овошје

Во некои делови од светот, како што е Северна Америка, сезоната на јагоди може да трае до крајот на летото или почетокот на есента. Исто така, современите методи на одгледување овозможуваат производство на јагоди во текот на целата година во некои делови од светот, и покрај сезонските ограничувања.

Честопати не знаеме кои јагоди да ги купиме, односно се прашуваме дали можеме да им веруваме на продавачите кога ќе го видиме натписот „домашни“. Во продавниците увозните јагоди почесто се продаваат на почетокот на „сезоната“, додека локалните доаѓаат малку подоцна. Најлесен начин да се процени јагодата е според нејзината боја и мирис.

Внимавајте!

Здравите и домашни јагоди се исклучително црвени, светли по боја и имаат карактеристичен мирис. Исто така, домашните јагоди често имаат повеќе семки. Црвената боја во јагодата покажува дека плодот е третиран со пестициди.

Познато е дека локалните јагоди изгледаат поинаку, тие се со неправилен облик, што треба да биде знак дека се работи за јагоди кои не се третирани со пестициди.

Следни Објави

Ги убија и мајка ѝ и брат ѝ: Нејзината потресна приказна ќе ви ја заледи крвта

Во осумдесеттите години на минатиот век беше ѕвезда во Југославија. Пленеше со неверојатниот вокал, но беше и исклучително атрактивна, а потоа се случи вистинска трагедија. Далечната 1999 година албанските екстремисти ја убија мајка ѝ, а по овој немил настан се отсели во Австралија. Мирјана Петричевиќ, позната како Мира Косовка, призна […]