На 5 јули вечерта си отиде големиот наш пријател, соборец, Македонец и страдалник Стојан Георгиев, објавија од ОМО „Илинден“-ПИРИН.
Нивната трогателна посвета на социјалните мрежи ви ја пренесуваме во продолжение.
Роден во 1938 г. во Петрич, Пиринска Македонија, 18 годишен, со незавршено средно образование создава македонска група. Откриен и инквизиран 18 дена во келиите на државна безбедност, сепак е ослободен за да го заврши своето образование. Во 1957 г. формира втора група – поново откриен и подложен на 114 дена истраги и мачења во 1958 г. ја добива својата прва пресуда – 4 години затвор, што ќе ги помине во Стара Загора. Во 1973 г. поново ќе се најде во затвор за 4 години.
Во 1990 г. беше еден од основачите на ОМО „Илинден“ и единствен претседател пред расцепувањето на организацијата. Автор е на две книги кои раскажуваат за неговиот живот, борба и страдања. Во 1998 г. се вклучи во ОМО „Илинден“-ПИРИН и наскоро беше избран за почесен претседател каков што остана да последниот ден. Во 2006-2007 беше член на Централниот совет на партијата, а во 2007-2010 г. и нејзин копретседател. Активно учествуваше во борбата на Македонците во Бугарија за нивни права до својот последен ден.
Неговата последна дејност беше средба со докторанти и студенти од Швајцарија на 25 јуни годинава, на која тој им зборуваше за својот живот и страдања. Го очекуваше интервју во голема телевизија, учество на научна конференција во Крушево каде да раскаже за својот живот. Беше полн со желба за живот и борба!
И покрај големите страдања никогаш не се претвори во гневен, одмаздољубив човек, до крај го зачува својот ведар, позитивен дух.
Бог да те прости, царство ти небесно и да ти е вечен споменот! Ние нема да те заборавиме, ниту ќе ја прекинеме нашата општа борба!