Една жена на „Тик Ток“ го сподели нејзиното искуство како некој кој веќе четири години не користи греење.
Клер де Лис нагласува дека воопшто нема потреба да го загрева станот. Но, што всушност прави и како ѝ успева?
Таа тврди дека „цаката“ е во основните работи, како на пример, во облеката што ја купувате.
„Мој совет е да купувате широки маици. Најдобро е тоа да бидат машки маици, бидејќи припиените парчиња всушност не можат да ве загреат“, појаснува таа.
Клер советува и да си набавите некоја широка јакна која може да ја носите по дома, додека стапалата треба секогаш да ви бидат покриени-во чорапи и топлинки. Таа вели дека голема улога игра и ткаенината околу вратата. „Можете да ја направите сами од некоја стара маица“, сугерира.
Оваа жена ве потсетува и постојано да проверувате дали прозорите и вратите ви се добро затворени, а постелнината која треба да биде повеќеслојна и тешка, секоја вечер добро да ја протресувате.
Еве што се’ советува Клер:
– Да се облекувате слоевито
– Облеката да ви биде широка
– Околу врат секогаш да имате некој вид на шал изработен од синтетички материјали
– Никогаш да не легнувате без термофор
– Да се покривате со волнено ќебе
Што ќе кажете на овие совети за греење без греење?