Перењето алишта на 30 степени е брзо, заштедува вода и струја, но експертите велат дека не е здраво
Експертите предупредуваат дека перењето алишта во машина на 30 и 40 степени не е добро за здравјето. Бактериите живеат во нашето тело на телесна температура од 37 степени, што значи дека 30 степени нема да ги елиминира.
Бактериите како ешерихија коли може да се пренесат преку облеката кога ја перете на пониски температури.
Микробиолозите советуваат алиштата да не се перат на температура пониска од 60 степени, особено не детската. Постојат дури 10.000 организми поврзани со измет на патики измиени на ниска температура, а има околу милион бактерии во само две лажици вода што ги користи машината.
За да се осигурате дека бактериите не се задржуваат во машината, се препорачува да ја стартувате машината за перење најмалку еднаш месечно на 90 степени без алишта во неа.