Има ли поголема среќа за една жена од сознанието дека е бремена? Се разбира, покрај големата среќа, доаѓаат и голем број промени, како психолошки, така и физички.
Да, на сите ни е јасно дека бебето полека во тие девет месеци го завзема своето место во мајчиниот стомак, расте и се адаптира.
И додека го следиме развојот на бебето, неговиот раст и движењето, не ни помислуваме што сѐ се случува со органите на мајката.
Бебето си создава простор, па сите органи на мајката се принудени да се „поместат“ за да се чувствува удобно.
Музејот за науки и индустрии во Чикаго направи видео кое ги прикажува промените во мајчиното тело во текот на бременоста.
Погледнете го фасцинантното видео!