fbpx

Добивав погрдни зборови и се казнував: Ивона сега не се срами да се соблече

Денес има речиси 25к следбеници на „Инстаграм“, делува самоуверено и нема комплекси, но не било отсекогаш така

Младата пејачка и влогерка Ивона Јовановиќ лани по речиси цели пет години се фотографираше во костим за капење, затоа што претходно не била доволно храбра и, како што вели, едноставно луѓето ѝ се потсмевале.

– Проблемот си го наметнав самата. Мислев дека во костим не можам да се појавам затоа што моето тело не е подготвено за јавноста. Се криев и не излегував во текот на летото на базени затоа што во средношколските денови добивав погрдни зборови од околината кога ќе се соблечев во бикини. Балканот ни сервира како да бидеме нормални. Мене ми сервираше до денес. Од денес па натаму ќе го ослободам умот од тие предрасуди. Мислете што сакате. Дури и денес на базен добив неколку погрдни зборови, зад грб секако – напиша Ивона во јули минатата година на својот профил на „Инстаграм“. 

Ивона раскажа дека тој ден кога го облекла костимот за капење сфатила дека тежината не ја дефинира како човек. 

– Тежината e само бројка која од тој ден решив воопшто и да не ја забележувам во бележниците. Па, некој ден доколку сум качила 200 грама да се казнувам. Не! Повеќе не! Сакам да живеам! Сакам слободно да се движам! Сакам да дишам слободно! Кога излегов од соблекувалната и го облеков костимот велев на глас дека не можам да дишам. Мозокот ми се бореше и сигурно го прифаќаше фактот дека повеќе нема да може да контролира. Готово, крај е. Ова е крај на еден нов почеток – раскажа Ивона. 

Следни Објави

Венко Филипче советува: Еве како родителите да ги анимираат децата

На официјалниот сајт на министерството за здравство се презентирани препораки и алатки при ограничено движење. Седењето дома со децата повеќе денови е голем предизвик за секој родител, па Венко Филипче сподели повеќе совети и идеи од психологот Иво Куновски кои родителите би требало да ги применат со своите деца додека […]