Извор близок на истрагата верува дека сопругата на Вељко Беливук може да биде клучниот сведок и да им помогне на властите да дојдат до нови поцврсти докази за монструозните дела кои му се препишуваат на познатиот Веља Невоља и неговата криминална банда.
Јавноста малку знае за неа, освен дека е бремена. Никогаш не се експонирала во медиумите, а на социјалните мрежи не може да се најде ниту една фотографија на која е заедно со сопругот.
Сепак, познато е дека кога во 2017 година на Неваља му се судеше за убиството на Властимир Милошевиќ, таа присуствуваше на секое рочиште. Кога Беливук доби ослободителна пресуда, таа буквално скокаше и плачеше во ходникот на Палатата на правдата, пишуваат српските медиуми.
Ова го може само монструм: Нови шокантни сознанија за Беливук
Неваља и неговите соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.