fbpx

Неочекуван потег! Потресна сцена! Сите се во шок по оваа изјава за Коста

Во Белград денеска продолжи судењето против на Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на 14-годишниот Коста кој на трети мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар уби девет другари и училишниот чувар Драган Влаховиќ.

Тие се товарат за несовесно поседување оружје и за запуштање на детето.

На вчерашното рочиште беше сослушан таткото на момчето убиец. Тој ги негираше делата кои му се препишуваат.

„Сметам дека не сум виновен за тоа што ми се става на терет. Оружјето го чував на безбедно место во станот, се’ беше по закон“, рече тој на судењето.

Обвинителот го праша како е тогаш можно во училиштето да бидат убиени десет лица, на што тој со својата реакција ги шокираше присутните и, според многумина си го покажа вистинското лице.

„Не можете така да ми се обраќате. Барам да ме почитувате. Јас сум доктор“, извика таткото на Коста.

Инаку, малолетниот Коста кој си ги застрела соучениците во повеќе наврати покажа дека нема чувства и милост, а она што последно им го кажал на надлежните ги шокира сите.

Наводно, Кецмановиќ точно им објаснил што му се допаѓа, а што го излудува.

„Коста во неколку наврати повторил дека не му е грижа и не му е гајле за злосторството што го направил. Тој изјавил и дека ги обожава животните, но дека луѓето го излудуваат. Таму ги навел не само децата и неговите родители, туку и многу други со кои бил во контакт до својата 14-та година“, вели извор од истрагата.

Како што открива тој, Коста бил заинтересиран само за слобода.

„Станува збор за момче кое едноставно нема милост и чувства кон другите. Единственото нешто за кое се грижи е самиот себе и неговата слобода по која моментално копнее“, вели истиот извор.

Следни Објави

Објавено писмо на Палчо: Шокантни тврдења за Вања и Панче

Политичката партија Десна лиферуваше писмо, тврдејќи дека го напишал Љупчо Палевски, осомничен за убиство на велешанецот Панче Жежовски и малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје, кој моментално се наоѓа во екстрадициски притвор во Турција. Во истото тој изразува длабоко сочувсто за смртта на Вања и Панче, посебно за таткото на Вања, […]