fbpx

Го претепале до смрт од чиста досада, имаше само 18 години: Лука, почивај во мир! (ФОТО)

Изминаа 15 години од смртта на матурантот Лука кој беше претепан до смрт на 12 јуни 2008 година.

Насилниците подоцна признаа дека монструозното дело го сториле од чиста досада.

Кобната вечер, младиот Хрват со пријател чекал автобус кога прво му пришле двајца тинејџери и му побарале пари и цигари. Потоа, како што стои во извештајот на полицијата, едниот од нив без никаков повод физички го нападнал Лука. Му се придружиле и други момчиња и продолжиле да го удираат. Во еден момент, Лука успеал да се подигне и се обидел да побегне, но не успеал во намерата. Почина 12 дена подоцна.

Јавноста во целиот регион беше згрозена од настанот, особено што неговите убијци добија минимални казни.

На полицијата ѝ требаа пет месеци да ги пронајде напаѓачите кои подоцна се осудени на речиси никакви казни, а само еден од нив заврши во затвор на девет месеци, пренесува „Индекс“.

Против првообвинетиот Ј.Ј. постапката беше повлечена затоа што за време на процесот веќе бил упатен на издржување на воспитни мерки во установа, па се сметало дека со ова целта на казнување е веќе исполнета. Второобвинетиот Р.Л. беше осуден на година и пол затвор, но пуштен на слобода по девет месеци, а третообвинетиот М.К. доби само воспитна мерка, односно одење во поправен дом.

Лука стана симбол за борба против насилството, а секоја година во јуни се наградуваат ученици од основни и средни училишта во Хрватска за промоција на толеранција и за настава без насилство.

Лука Риц постхумно беше одликуван со признанието „Гордост на Хрватска“.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Шеф Никола пред нов животен предизвик

Никола Мишковски, популарниот шеф Никола од кулинарското шоу „Брза кујна“, е пред нов животен предизвик. Во емисијата „Магазин“ на „Сител“ тој ја откри убавата вест. Познатиот готвач повторно ќе стане татко. Тој во јули 2019 година по вторпат застана пред олтар со Стефанија Тасевска со која веќе имаат ќеркичка. Мишковски […]