fbpx

Ја фати жена му во акција: Ќе се шокирате кога ќе слушнете како ги откри

Еден маж завршил в затвор откако на чуден начин ја фатил жена му како го изневерува, а потоа љубовникот го нападнал со нож.

Додека бил на работа, 47-годишниот емигрант од Словенија преку бејби-монитор ја открил сопругата дека „фаќа кривина“ во нивната спална соба. Поитал дома да се увери во прељубата, но во налет на бес го зграпчил кујнскиот нож и поради тој непромислен потег се нашол на суд.

Марек (презимето не е објавено), пред 12 години ја напуштил татковината и заминал во Англија по подобар живот. Таму се оженил со Људмила со која е во брак точно една деценија. Но, таа почнала афера со нејзин колега.

Нивното гледање наводно траело повеќе од пет месеци. Марек почнал да се сомнева во саканата поради пораките на нејзиниот телефон, но сепак бил доволно трпелив затоа што сакал да ја фати на дело. Во намерата успеал еден ден кога во девет наутро тргнал на работа, па во спалната веднаш „влетал“ колегата.

Тогаш камерата за бебиња поврзана со мобилниот на Марек му ја разјаснила дилемата. Неверната жена ја свртела кон ѕидот, но заборавила да го исклучи звукот. Благодарение на тоа, Марек веднаш сфатил што точно се случува.

Швалерот усепал да побегне низ градината и да се заклучи во автомобилот. Тогаш Марек на пат кон дворот го зел кујнскиот нож и истрчал кон него, но на крај сепак не успеал да го повреди.

Сепак, самото заканување со оружје било доволно против него да биде отпочната кривична постапка.

Следни Објави

Со години ја малтретираа: Најубавата жена од Југославија денес изгледа вака

Прекрасната сплиќанка Ана Сасо беше една од најпосакуваните жени во поранешна Југославија. Иако имаше бројни додворувачи, таа одбра мажи кои со години ја малтретираа и животот ѝ го претворија во пекол. Во 1982 година, Сасо беше прогласена за Мис на Југославија, а на изборот за Мис на светот влезе меѓу […]