fbpx

Нумеролозите откриваат: Еве каква несреќа ве очекува во мај!

Секоја нумеролошка прогноза се однесува на биоритамски број кој го добивате со комбинација на броевите од вашиот комплетен датум на раѓање. На пример, ако сте родени на 25.8.1976 собирате 2+5+8=15 со сведување на едноцифрен број, во случајот 1+5=6. Всушност, тоа е вашиот биоритамски број кој е менлив од ден на ден, од месец во месец

Единица

Под влијание на Сонцето, овој месец може да биде прилично возбудлив, освен ако по природа сте помалку нервозни. Преголема активност може да ве скрши во буквална смисла, освен ако немате четворка во датумот на раѓање. Можете да бидете склони кон повреди или расправии. Во љубовта многу барате, но сте и значително харизматични. Ви одговараат само силни, стабилни личности, но вам може всушност да Ве привлече само некој кој е многу сензитивен. Ако сте маж сте во подобра позиција, бидејќи ви претстои одличен период во љубовта, особено ако поради работата често патувате. Овој период може да биде и време за голем почеток, но не претерувајте со трошење.

Двојка

Овој месец е одличен за некои нови почетоци, особено кога се во прашање креативни проекти. Послушајте си ја сопствената интуиција и нема да се излажете. Ќе им бидете симпатични на сите, освен можеби на постојаниот партнер, особено ако е припадник на парен број. Ако му ја наметнувате својата волја, а таква тенденција постои и кога е во прашање деловната соработка, конфликтите се неизбежни. Овој месец е многу подобар за жените отколку за мажите. Тие ќе можат да доживеат прекрасна љубовна приказна со многу активни, атрактивни и динамични мажи. Посилниот пол, пак, ќе биде прилично збунет пред евентуалната конкуренција.

Тројка

Веселата тројка со која владее Јупитер комплетно одговара на овој месец, но може на вас да делува прилично иритирачки ако сте претерано амбициозни. Се чувствувате супериорни во друштво на активни и динамични личности, но може да ви недостасува иницијатива во секој поглед. Вашата енергија како да паѓа, затоа не ја трошете на непотребни работи или на активности кои не ви носат сатисфакција. Жените со овој број ќе бидат шармирани од искусни мажи, а мажите пак ќе бидат заслепени од динамични жени. Тоа ќе доведе до големо разочарување на крајот од месецот.

Четворка

Вашиот карактер бара дисциплина и хармонија, а сте соочени со енергијата на непарните броеви кои во целост ве исфрлаат од вашиот вообичаен колосек и ве прават неспособни да размислувате на начинот на кој сте се навикнале. Ќе морате брзо да донесувате одлуки, да биде подготвени на разни промени, на нови работни можности и на поддршка од влијателни личности кои на почетокот нема да можете да ги поднесувате. Особено да внимаваат жените во брак.

Петка

Вашата меркурова природа која постојано бара нови предизвици никако не се согласува на компромиси. Сето она што сте го посакувале може и да ви се случи така што бидете подготвени за многу возбудливи моменти. Сепак, би било добро да се обидете да им одолеете на игрите на среќа бидејќи епилогот е неизвесен. Ако не бидете подготвени на некои компромиси, можни се конфликти. Пазете се од остри предмети, можете да бидете склони на повреди. На многумина им годи вашата детска природа, но време е да созреете.

Шестка

За да завршите сѐ што посакувате, морате да вложите малку повеќе енергија. Со вашиот број владее Венера, планетата на љубовта, која ќе дојде до полн израз во наредниот период. Ќе бидете под влијание на личности кои се интелектуално многу посилни од вас. Обидете се да се вклопите во некоја тимска работа особено кадешто членуваат луѓе кои имаат контакт со странци. Ако барате работа, ќе ја пронајдете. Во љубовта сте многу романтични и вашите очекувања можат многу брзо да се исполнат преку луѓе кои имаат врски со прекуокеански земји.

Седмица

Некој ќе успее позитивно да влијае на вас и да ве натера не само да ги согледате своите проблеми, туку и своите потенцијали од еден поинаков агол. Не се откажувајте од вашите цели, бидејќи сте многу блиску до моментот кога истите и ќе ги остварите. Парите кои ги чекате ќе стигнат.

Во љубовта ќе бидете комплетно под влијание на другата страна, а вие ќе го мислите токму спротивното, дека сте ја сретнале сродната душа. Ако сте во брак или во подолга врска, можно е да паднете во искушение и да запловите во некои забранети води.

Осмица

Одлично се снаоѓате под влијание на сонцето кое ви ја дава потребнатеа енергија и мотивираност. Чувајте се од нагли движења, изгореници, униформирани лица и од сопствената самоувереност. Конфликтите можат да бидат сериозни, особено со мажите, без разлика од кој пол и да сте. Ако сте жена, а посакувате страствена врска, ќе ја имате, но со прилично егоцентричен маж. Ако сте маж, ќе се обидете да доминирате и првата рунда ќе биде ваша, но потоа ќе следи нокаут. Пазете во ништо да не претерувате за на крајот од месецот да не се соочите со голема загуба. Бидете мудри и трпеливи.

Деветка

Вашата харизма ќе дојде до полн израз во месец Мај. Ве очекува работа од соништата, ќе стекнете многу нови деловни контакти и ќе запознаете интересни личности. Имате спосбност за добра комуникација, но вашата главна маана е своеглавоста која и понатаму ќе биде доминантна црта на вашата личност. Тоа може да ве насочи на погрешни потези. Можна е љубов со странец.

Следни Објави

Не сте сигурни ни дома: Коронавирусот не ви може ништо само ако го направите ова

Самоизолацијата не е доволна. Овие чекори мора да се почитуваат за да си го сочуваме здравјето и што порано да излеземе од оваа криза како победници Да останете дома е првиот чекор за да се заштитите и можеби и најважниот. Сепак, тоа не е доволно. Постојат истражувања кои велат дека […]