fbpx

Оваа ноќ свиреше живот: Прва трансплантација на срце кај нас

Доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце..

Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на СРЦЕ !!

Вредните раце и паметните глави на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. Др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо.. испишаа историја!!

Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност.. победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде!

Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата „Живот“!

Фејсбук-статус на Кристијан Бундовски

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Тема за која малку се зборува: Кој може да биде дарител на органи и кога?

Спасете се од тешки болести: Ако имате над 45, мора да го знаете ова!

(ВИДЕО) Лука е роден здрав, по вакцината сѐ се смени: Нова исповед на Оџаклиевска

Им дадов сѐ во животот, сега едвај преживувам: Еве како моите чеда ми враќаат!

Следни Објави

Емилија, твоето срце душо продолжи да чука!

За жал ЕДЕН живот згасна, но TРИ ќе бидат спасени. Изгубивме сограѓанка, пријателка, пред сѐ сопруга, мајка, баба… Прерано нѐ напушти.. Емилија Динева, твоето срце душо продолжи да чука.. Оваа исклучително емотивна посвета почна да се споделува на социјалните мрежи, со што се откри идентитетот на жената која овозможи историска трансплантација […]