Битолчанецот Антонио Христовски ја запроси својата избраничка Кристина Косевска во селото Ниже Поле во близина на црквата „Св. Петка“.
Среќниот пар за Femina.mk објасни дека местото во месноста Гргули има посебно значење за нив, особено за Кристна која е љубителка на планини и реки.
„На ова место има мир и спокој, а звуците на водата и природата не можат да се опишат со зборови. Подолу е и црквата, затоа ова место го доживуваме како нешто свето“, велат идните младенци за порталот „Фемина“.