fbpx

(ВИДЕО) Додека луѓе умираат, таа игра: Докторка ја разгневи јавноста!

Атрактивна докторка на 50 години попладнево е топ-тема во српските медиуми, откако на „Твитер“ се појави видео на кое заводливо танцува на работното место на песна од Бритни Спирс.

„Блиц“ пишува дека станува збор за Д-р Томислава Петрушиќ, директорката на Одделот за физикална медицина во Ниш.

Дел од јавноста го осуди нејзиното однесување нарекувајќи го непримерно, особено во време кога многу нејзини колеги и воопшто здравствени работници се „распаѓаат“ по ковид-центрите. Сепак, има и такви кои велат дека има што да покаже и дека не е грев што се снимила.

Д-р Петрушиќ наводно повлекла поголем дел од своите објави на интернет, а на кои во преден план биле нејзините физички атрибути. Оние кои ја познаваат, велат дека на факултет била вистинска убавица сѐ додека не се навлекла на пластичната хирургија.

Сѐ уште не се знае дали спорната снимка е направена сега или е со постар датум.

Следни Објави

(ФОТО) Свадба за најблиските: Се ожени Стоилов!

Ракометарот Стојанче Стоилов денес ѝ кажа „ДА“ на својата избраничка Деница со која наскоро ќе се остварат и во улогата на родители, информира порталот „Убавина и здравје“. Младенците планирале голема свадба, но поради пандемијата со коронавирус направиле мала забава за најблиските и семејството и склучиле граѓански брак. Столе и Деница […]