fbpx

Што се крие зад видеото кое ги разбесни сите: Вистината ќе ве шокира!

Девојчето, како што се тврди на социјалните мрежи, јаде чили за да заработи пари

Со денови кружи видео на социјалните мрежи, кое ја разбранува јавноста, а со молскавична брзина се рашири и во домашните медиуми.

Имено, станува збор за видео на кое се гледа како малолетна девојка јаде чили. Солзи ѝ излегуваат од очите од лутина, а лицето кое го објави видеото на Интернет тврди дека станува збор за сиромашна девојка која го прифатила предизвикот за да заработи пари.

„Каде ќе ви оди душата“, „Човечки ѓубриња го снимаа ова“, „Премногу тажно“, „Дно над дното“, се само дел од коментарите што се појавија на порталите под ова видео.

КОЈА Е ВИСТИНАТА?

Иако на социјалните мрежи и во некои медиуми се тврди дека видеото го направил богат човек, некои арапски медиуми објавија дека тоа всушност е нејзин вујко и дека она што кружеше низ светот нема никаква врска со вистината.

Имено, станува збор за нивен договор, шега, а девојчето само сакало да одговори на „чили предизвикот“ кој деновиве е популарен на социјалните мрежи. Видеото е направено во присуство на целото семејство и служело исклучиво за забава.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Починаа уште пет лица, сè повеќе млади умираат

Министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, истакна дека загрижува последниот тренд на поголем број на смртни случаи од Ковид-19 во Македонија на дневна основа. – Околу пет за жал починати пациенти се во последните 24 часа, информација што […]