fbpx

Жена ги шокира мажите: Вака се питачи во 21 век, а не со седење на ладен бетон

Девојка сподели на една интернет-страница како запознава момчиња, а кога ќе ѝ испратат пари, ги прекинува контактите и преминува на следниот. Со нејзиното признание вознемири многумина, но таа воопшто не се кае за стореното.

„Запознавам мажи на апликации за дружење. Им раскажувам дека сум добра студентка, но и дека истовремено сум јадна и сиромашна на која ѝ се потребни пари да го преживее месецот. Ако го одврзат ќесето, го прекинувам контактот. Нека се мислат, не ги жалам, сами си се виновни што наседнуваат. Кога ќе ги потрошам парите, „ловам“ понатаму“, раскажува таа.

Она што е уште поневеројатно се коментарите под нејзината исповед.

„Вака се питачи во 21 век, а не со седење на ладен бетон“, напиша едно момче.

Сепак, повеќето се едногласни дека оваа жена и тоа како е јадна, но истовремено и воопшто не се изненадени од таканаречените „машки пациенти“ по социјалните мрежи кои се подготвени да направат буквално се’ кога ќе видат гола женска на нивните монитори.

„Имам 50 години и секогаш кога ќе прочитам нешто вакво се прашувам што се случи со домашното воспитување. Јас воопшто не ги жалам таквите мажи. Колку треба да си глуп да ѝ испратиш пари на личност која никогаш во животот не си ја видел?“, коментира една повозрасна госпоѓа.

Следни Објави

Ова е починатиот син на познатиот музичар: Александар имаше само 30 години

Трагедија денеска ја потресе естрадата Почина Александар Кодиќ, синот на еден од најпознатите хармоникаши на овие простори, Мирко Кодиќ. Александар (30) починал во сон. Не е позната причината за смртта, па полицијата веднаш наредила обдукција. Наводно, со денови се жалел дека не се чувствува добро. Неговиот славен татко исклучително тешко […]