Барам да ми го прифатите отказот од работа, со претходна најава од месец дена, во кој период ќе го користам годишниот одмор од 2019 и 2020 година. Причините да ја напуштам клиниката по 28 години професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра, како една од најважната алка во медицинскиот тим.
Ова е барањето кое до Управата на ЈЗУ УК за инфективни болести и фербилни состојби го поднела Зорица Љубичиќ Митиќ, главната сестра на Инфективна, а кое веќе се споделува на социјалните мрежи.
Речиси со истото образложение барање за престанок на работниот однос побарале уште две медицински сестри, Силвана Рогиќ и Дивна Бојческа.