fbpx

(ФОТО) Македонецот кој се прослави со картони проговори за ракот

Кристијан Станковски, момчето кое стана вирален хит со своите забавни натписи на картон, проговори за тешката болест која, за среќа, веќе е минато.

Популарниот Бомбакис кој на „Инстаграм“ го следат безмалку дваесет илјади луѓе, денеска објави фотографија со која изненади многумина. Во рацете држи картон со натпис „Една година без рак“.

– Овој картон не е ставен за да ме жалите.. Напротив! Овој картон ми е од најголемо значење до сега! Да не губите надеж никогаш.. Затоа само сакам да ви пренесам позитивната енергија, која ви е потребна во секој момент. Не е потребно да се замарате или да сте под стрес за банални работи. Многу е ужасно лошо да не посветите време за вашите најблиски. (А тоа го правиме сите) Животот е многу краток, денес сте тука утре ве нема.. Тенка е линијата помеѓу животот и смртта. И на крајот од денот, зошто да се нервирате или дозволите некој негативно да влијае врз вас??? Не треба да чекате нешто да ви се случи, за да гледате поинаку на животот! Не биди негативен, шири позитива !!! На тој начин ќе почнете да живеете.. Само здравје! – напиша Станковски на социјалните мрежи.

Следни Објави

Шок по смртта на Валентина: Зајче мое, што ти е?

Уапсен е рускиот јутјубер Стас Рифлеј (30) под сомнение дека ја криел смртта на својата трудна девојка, 28-годишната Валентина Григорјева. Во истрагата стои дека ја натерал облечена само во долна облека да стои на балконот на температура под нулата, бидејќи еден од неговите следачи тоа го побарал и му платил […]