fbpx

Почина актерот Тихомир Арсиќ, ќерка му со трогателна порака

По долго и тешко боледување, денеска на 64-годишна возраст почина познатиот српски актер Тихомир Арсиќ.

Српски „Курир“ пишува дека неговата ќерка Милица како да ја претчувствувала трагедијата која синоќа на својот профил на „Инстаграм“ објави навистина емотивна порака.

– Прегрнете ги вашите најмили вечерва.. Кажете им на мажите дека ги сакате, иако тоа не сте им го кажале со години. Кажете им на децата, иако можеби мислите дека нема да ве разберат.. Сетете се на насмевката на вашата баба, сетете се на вашите мајка и татко кога вие се смеете.. Сетете се како беше убаво да се биде сакан и запомнете дека никогаш, ама баш никогаш не е доцна да кажете „Те сакам“ – напиша Милица под фотографијата со својата ќерка.

Следни Објави

Елката блесна, погледнете како е украсен плоштадот за 200.000 евра

Новогодишната елка поставена на плоштадот „Македонија“ вечерва конечно блесна. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својот фејсбук-профил напиша дека поради пандемијата од коронавирусот оваа година нејзиното светнување е симболично, без посебен настан. – Градот Скопје апелира до граѓаните кои ќе бидат затекнати на плоштадот, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита, […]