Новогодишната елка поставена на плоштадот „Македонија“ вечерва конечно блесна.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својот фејсбук-профил напиша дека поради пандемијата од коронавирусот оваа година нејзиното светнување е симболично, без посебен настан.
– Градот Скопје апелира до граѓаните кои ќе бидат затекнати на плоштадот, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита, да носат маски и да го одржуваат пропишаното растојание – напиша тој.
Шилегов изјави дека за украсување на плоштадот потрошиле 200.000 евра, но и дека исто толку заштедиле.