Ненадејно почина д-р спец. Надер Исмаили. Тажната вест на социјалните мрежи ја споделија неговите колеги од Универзитетскиот стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон.
„Почитувани колеги, почитувани пријатели. Неизмерна е болката од сознанието дека изгубивме уште еден млад живот. Ненадејно нѐ напушти нашиот колега, другар, пријател, човек, д-р спец. Надер Исмаили. Премногу зборови можеме да напишеме овде, но цел роман не може да намали ниту атом од болката предизвикана од ваква вест. Нашиот Надер ќе биде запаметен по својот стручен, педантен, принципиелен и професионален однос кон пациентите и голем другар со вработените. Во име на Управата на Универзитетскиот Стоматолошки клинички центар, во име на сите вработени, изразуваме сочувство до семејството и пријателите. Надер, почивај во мир“, стои напишано во посветата.