fbpx

Се гледа крајот на тунелот: Кунгуловски за новите мутации на коронавирусот

Новата (новите) мутации во SARS-CoV-2 коронавирусот нити се неочекувани, нити треба да водат до паника. Како и секој вирус, така и SARS-CoV-2 кога се дели природно се појавуваат мутации, бидејќи процесот на делба е неперфектен. Досега се детектирани илјадници мутации, но само мал број од нив значајно и функционално го променуваат вирусот. За разлика од инфлуенца вирусите, SARS-CoV-2 акумулира мутации далеку побавно.

Најчесто овие мутации за користат како индикатор (баркод, маркер) за следење на епидемиолошки особености, како на пример поврзаност и потекло на кластери и единки во кластерите.

Според прелиминарните извештаи, новиот сој во Велика Британија е дефиниран од 14 мутации и 3 делеции и изгледа како да води до зголемена преносливост на вирусот, но не и до негативно влијание на клиничката слика. Најзначајните од нив се во spike генот: N501Y којашто е на позиција во рецептор-сврзувачкиот дел (RBD) кој директно обавува контакт со ACE2 рецепторот и веројатно го зголемува афинитетот кон него. Делецијата 69-70del, нејзината улога не се знае. P681H мутацијата пак се наоѓа на furin-засечното место во spike коешто може да има улога во влезот на вирусот во клетките.

Не би да има влијание врз ефикасноста на вакцините на Pfizer/BioNTech и Moderna но останува да видиме. Убавината на овие РНК вакцини е што со истата технологија и ланец на производство и тестирање, теоретски може веднаш (или релативно брзо) да се направи вакцина за било кој нов сој што произлегува од мутации во Spike протеинот.

Ова се прелиминарни податоци и потребни се додатни студии и секвенционирања. Не треба да се паничи, се гледа крајот на тунелот.

Фејсбук-статус на Горан Кунгуловски, коосновач на лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во клиниката „Жан Митрев“

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

(ФОТО) Конечно промена: Цеца има нова фризура

Пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ одлучи конечно да ја промени фризурата. Новиот имиџ го промовира преку видео на „Инстаграм“, а фановите велат дека никогаш не изгледала поубаво. Цеца е облечена во светкав фустан, па веројатно снима новогодишна програма за некоја телевизија.