Почина д-р Ненад Панов за кој претходните денови се собираа донации.
– На овој голем христијански ден, кога го славиме раѓањето на Исус, со неизмерна тага и болка ја имам непријатната должност да ви соопштам дека нашиот доктор, нашиот Нено, ја загуби битката со болеста. И покрај сите напори на медицинскиот персонал и Вашата несебична поддршка, нашиот колега веќе физички не е меѓу нас. Но, неговиот ведар дух ќе остане засекогаш меѓу нас. Ќе најдеме начини он да е крај вода, каде и да риболовиме. Ветуваме. Лесна му земја – напиша Сашо Јовчевски на „Фејсбук“.
Поради влошена здравствена состојба предизвикана од коронавирусот, д-р Панов пред неколку дена беше префрлен на лекување во приватна клиника.