fbpx

Имам проблеми од органски карактер: Прва исповед на Боки 13 за здравјето

Поранешниот шоумен и бизнисмен Бојан Јовановски денеска се појави во Апелациониот суд во Скопје на седницата закажана во врска со предметот за кој Основниот кривичен суд го осуди на девет години затвор.

Популарниот Боки 13 во моментот се брани од слобода, откако Основниот кривичен суд Скопје неодамна донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор поради неговата лоша здравствена состојба.

Тој пред судот изјави дека му била констатирана „интенстинална метаплазија“ на желудник и дел од тенките црева и дека со оваа здравствена состојба не е во состојба да биде во затвор .

Вели дека со себе носи цела терапија за да функционира, покрај тоа што има сериозен хигиено-диететски режим кој изискува посебна храна за да функционира.

Јовановски појаснува дека нема физички проблем, туку станува збор за органско заболување. 

„Имам проблеми од органски карактер. Јас сум со траен инвалидитет, кој не е од физичка природа или со физички деформитет, туку станува збор за состојба која не може да се промени. Имам сериозна терапија која ја примам, сериозен и строг режим кој морам да го практикувам секој ден. Тоа не значи дека имам проблем со движење, но имам моменти кога морам да мирувам, да се придржувам кон тоа“, вели Јовановски, пренесува македонската информативна агенција.

Следни Објави

Марија Шерифовиќ доби син: Одбра има со посебно значење

Марија Шерифовиќ доби бебе, ексклузивно објави порталот „Блиц“. Српската пејачка која победи на „Евросонг“ има син од сурогат мајка. Детето се родило на почетокот на декември и го доби името Марио. Шерифовиќ се одлучила за ова име поради неговата силна симболика-доаѓа од латинскиот збор „mare“ што значи море, како и […]