Веројатно нема повозрасен човек кој не се сеќава на легендарната сцена од филмот „Лажливо лето 68“ со атрактивната Јагодинка Симоновиќ.
Актерката која се прослави по оваа улога, Драгана Варагиќ, пред неколку дена гостуваше во утринската емисија на телевизија Прва.
Освен за новите проекти, зборуваше и за актерките Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ кои го обвинија професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ за силување и за сексуално злоставување.
Таа одамна живее и работи во Канада, а моментално е во Србија каде работи на серијата „12 збора“.
Драгана призна дека е шокирана што луѓето постојано ѝ се навраќаат на Јагодинка и на таа култна сцена.
– Ме немаше овде 20 години и некако ме изненади што се’ уште се врти истото. Оставете ме да пораснам – му реплицираше таа на водителот кој очекувано се обиде да ја врати во минатото кога го снимала легендарниот филм на Горан Паскваљевиќ.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.