fbpx

Монструозни дела, распарчени тела: Дали го знаете ова за Веља Невоља?

Вељко Беливук или Веља Невоља како што го познаваат сите и дваесетина негови блиски соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

Драматично: Нови детали за тајните простории на Веља Невоља

Српските медиуми секојдневно објавуваат нови детали од истрагата. Според последните сознанија, телата на жртвите биле распарчувани во викендицата во Ритопек каде брутално биле малтретирани, а потоа делови од труповите врзани на бетонски блокови ги фрлале во Дунав.

Полицијата успеала на своја страна да придобие двајца од блиските соработници на Невоља кои детално раскажале што се случувало со жртвите. Според нив, во Дунав биле фрлани и важни докази за сторени сериозни криминални дела.

Во тајните простории на стадионот Партизан, каде Невоља имал цел бункер, пронајдени се снајпер и седум различни цевки, најсовремена оптика и куршуми кои пробиваат блиндирано возило и панцир. Наводно, во прашање е снајперска пушка која е рачно направена.

Фановите во шок: Вистината за раперот Раста и Веља Невоља

По апсењето на Беливук, вистинска паника владее и во естрадните кругови. Во неговиот телефон наводно се наоѓаат различни видеа и докази кои би можеле да компромитираат одредени познати личности.

Насловна: ТВ ПИНК/Раде Прелиќ/Танјуг

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Страшен пожар ги остави без дом: Семејството Веловски бара помош

Семејство од селото Цапари бара помош, откако вчера околу 17 часот избувнал пожар во нивниот дом. Пламените јазици брзо се прошириле и ја опожариле целата куќа во која што живее Тане Веловски со неговиот татко.  Во моментот на несреќата само синот бил во куќата, информира „Тера.мк“. Изгорел и кровот во […]