fbpx

Фановите во шок: Вистината за раперот Раста и Веља Невоља

Српската, но и јавноста во целиот регион не престана секојдневно да се информира за злосторствата кои им се препишуваат на Веља Невоља и неговите соработници.

Драматично: Нови детали за тајните простории на Веља Невоља

Тие се осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ.

Она што сепак најмногу го привлече вниманието е поврзаноста на криминалната банда со повеќе естрадни ѕвезди. Прв на тој список е популарниот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста.

Постои сомнеж дека поранешниот сопруг на пејачката Ана Николиќ, кој пред само неколку дена беше пуштен на слобода, дилал дрога за Невоља. Како една од причините за можната поврзаност се наведува фактот што меѓу уапсените блиски соработници на Невоља се најде и поранешниот полицаец од Лозница, Владо Георгиев, кој речиси една година му бил менаџер на Раста.

Десна рака на Веља Невоља: Кој е човекот кој сечел луѓе и ги топел во киселина?

Токму Георгиев е наведен како сопственик на викендица во селото Тршиќ кој се наоѓа на шест километри од Лозница, а која наводно била една од базите каде брутално биле измачувани жртвите.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Вработете ја сестра ми: Познатиот македонски диџеј моли за помош

Јас би ве замолил доколку некој има потреба од ПРАВНИК во државава.. Мојата сестра е МАГИСТЕР ПО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО И ДИПЛОМАТИЈА.. со перфекно втор научен турски јазик.. со сертификати со дипломи со сите левели и степени на највисоко ниво.. Има 37 год и е невработена во државичкава наша бидејќи има […]