Нови монструозни методи на убивање открила полициската истрага против Веља Невоља и неговата криминална банда.
Телата на жртвите биле распарчувани во викендицата во Ритопек каде брутално биле малтретирани, а потоа делови од труповите врзани на бетонски блокови ги фрлале во Дунав.
Српската полиција наводно успеала на своја страна да придобие двајца од блиските соработници на 35-годишниот Вељко Беливук кои детално раскажале што се’ се случувало во „куќата на стравот“.
Ова никој не го очекуваше: Нови шокантни сознанија за Веља Невоља
Десна рака на Веља Невоља: Кој е човекот кој сечел луѓе и ги топел во киселина?
Според сведоците, во Дунав биле фрлани и повеќе важни докази за сторени сериозни криминални дела.
Невоља и неговите соработници се осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ.
Фановите во шок: Вистината за раперот Раста и Веља Невоља
Вистинска паника владее и во естрадните кругови по апсењето на Невоља. Наводно, во неговиот телефон се наоѓаат различни видеа и докази кои би можеле да компромитираат одредени познати личности.
Дури и популарната српска пејачка Ана Николиќ била блиска со луѓе кои одработувале за криминалната банда на Невоља, тврди српски „Курир“.
Фото: Беоинфо/И-сток/Часлав Вукојќиќ
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.