Нов силен земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер вечерва е регистриран во Хрватска.
Потресот бил на четири километри од Дубровник во Босна и Херцеговина, пишува хрватскиот портал „Индекс“.
Епицентарот бил на 73 километри југоисточно од Мостар и на 11 километри северозападно од Дубровник.
Земјотресот бил почувствуван и на подрачјето на јужна Далмација.
„Беше силен“, „Нѐ разбуди“, „Многу сме вознемирени“ се само дел од коментарите на читателите на „Далмација Данас“.
Засега нема информации за материјална штета.