fbpx

Последен поздрав: Почина Драган Тодоровски

Фото Кино Клуб „Козјак“ од Куманово загуби свој долгогодишен член, Драган Тодоровски.

Драган Тодоровски е роден 1962 година. Завршил магистерски студии по меѓународно право и меѓународна политика на правниот факултет.

Последната деценија Тодоровски работи во директоратот за билатерални односи со европските држави и е одговорен за земјите од Северна Европа. Во периодот од 2015-2018, престојуваше во Дипломатска мисија во Кралството Норвешка, извршувајќи ја функцијата вршител на должност во Амбасадата на Р.Македонија во Осло.

Драган Тодоровски почнал да се занимава со фотографија за време на студентските денови како член на Фото Кино Клуб „Козјак“ од Куманово. Во тој период станува дел од редакциите на „Студентски збор“ и „Млад борец“ од Скопје. Како слободен фоторепортер соработува со неделниците „Младина“ од Љубљана, „Данас“ од Загреб „Недељна Далмација“ од Сплит и „Време“ од Белград.

Во периодот од 1991-1996 е уредник на фотографија во првиот политички неделник во Македонија „Пулс“.

Неговите фотографии биле објавувани на страниците на повеќе европски печатени медиуми меѓу кои: „Политикен“ (Politiken) од Копенхаген, „Афтенпостен“ (Aftenposten) од Осло и „East European Reporter“ од Будимпешта.

Учествувал на повеќе групни изложби и е автор на десетина самостојни изложби на фотографија.

Последната негова самостојна изложба под наслов „Фото-белешки од Норвешка“ се одржа во Куманово 2020 година. Беше член на Фото Кино Клуб “Козјак“ од Куманово и активно учествуваше во неговата работа.

Фејсбук-статус на Фото Кино Клуб „Козјак“ Куманово

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Сега ќе им се смееш на ангелите: Почина хрватска блогерка на 28 години

Почина хрватската блогерка, манекенка и актерка Адела Клобучар, пишува магазинот „Стори“. Адела имаше 28 години и почина од рак на дојка. Битката со болеста редовно ја документираше на социјалните мрежи. Нејзините бројни пријатели се скршени од болка. „Прекрасна жено, ти благодарам за сѐ, за сите животни лекции кои ни ги […]