fbpx

Шок: Откриена последната желба на принцот Филип

Војводата од Единбург почина пред два дена мирно во замокот Виндзор во својот кревет, а кралицата го држела за рака до самиот крај

Портпаролите на Бакингемската палата одбиваат да дадат конкретни информации за здравствената состојба на принцот Филип и точните причини за неговата смрт, но она што е познато е дека на сопругот на кралицата Елизабета Втора нагло му се слошило во средата вечерта.

Принцот Филип, наводно, самиот побарал да не биде однесен во болница, туку да умре во својот кревет, под негови услови и во друштво на својата „Лилибет“, пренесуваат британските медиуми.

Кралицата ја испочитувала неговата последна желба.

Преживеа неверства и секс скандали: Сите тајни на кралицата Елизабета

Извори од кралското семејство откриваат дека во Бакингемската палата бил и прицот Чарлс кој останал таму се’ до смртта на татка си.

Емотивно обраќање на принцот Чарлс за татка си Филип

Медиумите пренесуваат дека принцот Филип наводно починал од инфекција и од срцева слабост. Тој помина четири недели во болница по операција на срцето. Иако по зафатот бил исцрпен, инсистирал да се врати во неговиот дом што е можно побргу.

Принцот Филип ќе биде погребан во сабота.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Мајка си ги закла трите деца: Уапсена е Лилијана

Уапсена е 30-годишната Лилијана Кариљо, мајка на три деца помлади од пет години кои полицијата ги пронајде мртви во семејниот стан. Кариљо е приведена на околу 200 километри северно од Лос Анџелес и засега е непознато дали има правен застапник кој би можел да зборува во нејзино име. Безживотните тела […]