fbpx

Беше полна оптимизам: Македонија тагува по Марија

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, со емотивна посвета на „Фејсбук“ ја потврди информацијата за смртта на Марија Мустачка, самостоен референт и технички секретар во македонската Влада.

„Со голема жал соопштувам дека ја изгубивме нашата колешка и пријателка, Марија Мустачка. Ѝ благодарам за нејзината посветена работа во Владата, како дел од кабинетите на четворица вицепремиери пред мене и за нејзината безрезервна доверба и поддршка на колегите и тимот. Марија беше со ведар дух, секогаш полна оптимизам и отвореност за соработка. Упатувам искрено сочуство до нејзиното семејство, моите мисли се со вас. Нека почива во мир“, напиша Битиќи на социјалните мрежи.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Која е младата жена од Кина обвинета за разводот на Бил Гејтс?

Разводот на коосновачот на „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, се’ уште е топ-тема во медиумите Иако разидувањето со сопругата Мелинда во јавноста беше претставено како пријателско, извори блиски на семејството тврдат дека не е баш така. Наводно, Бил и Мелинда биле подготвени да го обелоденат […]