fbpx

Тргнал по подарок и не се вратил: Зборовите на мајка му покрај ковчегот ќе ве трогнат

Брендон Џовани Ернандез (12) е една од жртвите во страшната несреќа која пред неколку дена се случи во Мексико Сити, кога се урна надвозник во момент кога над истиот минувало метро.

Несреќното момче се нашло на лице место сосема случајно кога се враќало дома од еден трговски центар каде купувал подарок за 10 мај, Денот на мајките.

Брендон бил погребан во населбата каде живеел со мајка си, баба си и со уште две деца.

„Сине, зарем да починеш поради мојот подарок? Ова е неправда, тоа не е вредно за твојата смрт, сине мој“, постојано повторувала неговата мајка Марисол плачејќи над белиот ковчег, пренесуваат локалните медиуми.

Марисол имала три деца, а со Брендон по подарок заминале и другите две и нејзиниот партнер со кого од неодамна била во љубовна врска. За среќа, тие преживеале. Човекот со кој се забавувала бил полесно повреден, но сепак го хоспитализирале.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија во домот на Јелена: Пред пед дена се држевме за рака

Хрватската актерка и сценаристка Јелена Вељача (40) објави на социјалните мрежи дека починала нејзината баба со која била особено блиска. Тажната вест ја соопшти со трогателна фотографија на „Инстаграм“. „Пред пет дена се држевме за рака ние три“, кратко напиша Вељача. Фановите масовно ѝ изразуваат сочуство, а една обожавателка ѝ […]