fbpx

Со спектакл до финале: Еве зошто сите зборуваат за таткото на Марија!

Уште еден спектакуларен настап имаше нашата Марија Груевска во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Македонската натпреварувачка ги воодушеви и публиката и жирито и се пласираше во финалето.

Прво ја отпеа темата „Веруј у нас“ од Адил, додека на прстите на двете раце ѝ гореа свеќи за време на целиот перформанс.

Изненадувањето допрва следуваше. Втората песна со која се претстави беше „Остачу слободан“ од „Рибља чорба“, а на сцената се појави облечена како Статуа на слободата.

На прашањето кој ѝ ги осмислува настапите, таа призна дека се’ што работи е во договор со нејзиниот татко кој е свештеник.

Марија студира Музичка академија и неодамна откри дека има уште само два испита до дипломирањето.

Фото: З.К.Муња/Д.Милошевиќ/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Петре М. Андреевски: Колку повеќе знаеш, толку повеќе ќе страдаш!

На денешен ден, 1934 година, роден е Петре М.Андреевски. Најубав начин да му оддадеме почит е да го споделуваме неговиот збор, неговите дела и песни, неговото творештво.. Неговата мисла воодушевува и маѓепсува. Во продолжение извадок од неговиот роман „Тунел“, издаден во 2003 година. Уживајте! „Останало животворната вистина да ја откриеме откако ќе сфатиме […]