fbpx

Драга Милка, во секоја песна остави парче душа: Македонија тагува

„Драга Милка, во секоја песна што ја снимаше остави парче од твојата душа. Ќе бидеш запаметена по тоа засекогаш. Ти благодарам за се’ што научив од тебе. Нека Бог ти даде мир“.

Оваа емотивна објава на македонскиот композитор, аранжер и музички продуцент Љупчо Трајковски-Фис е само една од многуте кои осамнаа на социјалните мрежи во чест на Милка Герасимова, легендарен тон-мајстор во националниот сервис.

Од неа се прости и докажаниот музичар и продуцент Мите Димовски.

„Беше прекрасен човек и врвен професионалец. Нека ти е светол патот небесен. Почивај во мир“, напиша првиот човек на музичкото студио „Тралала“.

На „Фејсбук“ се огласи и Кокан Димушевски.

„Се’ што знам за тонско снимање и миксање беше од Милка Герасимова и Таше Панајотов. Почит неизмерна кон музиката и уметниците. Почивај во мир“, напиша тој.

Драган Б. Костиќ, пак, призна дека ја сакал и како професионалец и како човек и дека љубовта била обострана.

„Последен пат се сретнавме пред некоја година. Се изгушкавме како брат и сестра. Милке каде и да си отишла, шири ја и таму твојата човечност. Почивај во мир“, порача легендарниот радиоводител.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Беше маркантен лик на овие простори: Почина Сабина Ајрула

Почина македонската глумица Сабина Ајрула Тозија, јави порталот „А1 он“. Ајрула беше маркантен лик на македонската театарска и филмска сцена. Последниве години се прослави и регионално по улогата во турската хит-серија „Величествениот“. На почетокот на годината беше оперирана од тумор на мозокот. Таа беше сопруга на поранешниот македонски амбасадор, режисер […]