fbpx

Беше маркантен лик на овие простори: Почина Сабина Ајрула

Почина македонската глумица Сабина Ајрула Тозија, јави порталот „А1 он“.

Ајрула беше маркантен лик на македонската театарска и филмска сцена.

Последниве години се прослави и регионално по улогата во турската хит-серија „Величествениот“.

На почетокот на годината беше оперирана од тумор на мозокот.

Таа беше сопруга на поранешниот македонски амбасадор, режисер и директор на МРТ, Љупчо Тозија.

Во едно нејзино интервју, освен за театарот и за телевизиската продукција, како сопруга на дипломат зборуваше и за политичката состојба на македонската сцена.

„Мислам дека ние не сме посебно подложни на делби. Ги има кај сите народи во разни историски периоди, а можеби најмногу денес. Поделбите се резултат на намери. Морам да споменам дека некогашниот систем инсистираше на обединување, често и со присила. Особено внимаваше на етничките хармонизирања, фамозното „братство и единство“. Увозниците на демократијата се скинаа подбивајќи се со овој поим. Сега имаме поделби по сите можни основи, етнички, партиски, класни… Тоа е погубно за мала земја, како што е нашата. Целта е јасна: полесно владеење со помалите општествени сегменти и промоција на принципот на стадо. Во оваа земја може да се создаде надеж само ако се појави некој или нешто што ќе обединува“, кажа таа.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Се огласи актерката Жугиќ: Посвета која никого не остава рамнодушен

Докажаната македонска актерка и поранешна директорка на Тетатар Комедија, Јелена Жугиќ, е само една од бројните колешки кои на социјалните мрежи се простија од легендарната глумица Сабина Ајрула Тозија. Таа сподели нивна заедничка фотографија и емотивна посвета која никого не остава рамнодушен. Ви ја пренесуваме во целост: „Имав огромна чест […]