fbpx

Бев глупава: Ја исмевала короната, велела дека сè е измислено, па завршила на респиратор

Манекенка била дежурен антиваксер. Не верувала дека постои вирус се’ до моментот кога завршила на респиратор. Едвај преживеала

Британскиот модел Холи Мекгвајер со месеци се обидувала своето влијание во јавноста да го користи за ширење на антиваксерски пораки, појаснувајќи им на луѓето дека треба сериозно да ги отворат очите и да не веруваат во лагите кои ни ги сервира фармацевтската индустрија.

Таа на „Инстаграм“ редовно пишувала како не верува дека вирусот постои, а во една прилика нагласила дека вакцинирањето било за лековерни луѓе.

На крајот се заразила со Ковид-19. И покрај силните симптоми, одбивала да ја прифати вистината се’ до моментот кога морала да биде хоспитализирана.

Во болницата поминала три недели на кислородна поддршка, а завршила и на респиратор.

Откако едвај преживеала, Холи го променила мислењето.

„Мора да се вакцинирате. Не бидете наивни и глупави како мене. Имунизацијата ќе ви го спаси животот. Ова може да му се случи секому. Имав голема среќа. Како што знаете, бев антиваксер, но сега сфатив дека сум била луда и дека сериозно сум ја потценила болеста“, изјави таа за „Мирор“.

Вели дека на двапати ѝ погледнала на смртта во очи и дека штом ќе се опорави, веднаш ќе се вакцинира.

„Сопругот Стив ми призна дека се подготвувал за најлошото. Во солзи ѝ се јавил на мајка ми велејќи ѝ дека шансите се минимални да преживеам. Сега имам нов живот. Вакцинирајте се. Веднаш!“, им порача таа на своите следбеници.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Не постои љубов како твојата: Елена Ристеска трогателно за татка си

Зборови кои навистина болат Поп-ѕвездата и претприемачка Елена Ристеска со емотивна порака се потсети на својот татко кој прерано го напушти овој свет. Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост: На овој ден пред 5 години беше нашиот последен поздрав со твоето тело, но душата твоја не’ напушти на 29-ти. […]