fbpx

Татко и ќерка се заразиле на семејна прослава, починале во ист ден

Нова семејна трагедија го вознемири регионот

Во ист ден од последици на Ковид-19 починале Јован (58) и Горица (38) Станојевиќ, татко и ќерка од Велико Градиште.

Се заразиле на семејна прослава, а на лекар отишле предоцна. Итно биле хоспитализирани во болницата во Пожаревац, но и покрај огромниот ангажман на здравствените работници, за само еден час и двајцата починале, пишуваат српските медиуми.

Семејството Станојевиќ со години живеело во Австрија. Минатиот месец, раскажуваат соседите, дошле да ги посетат роднините во Градиште.

„Дојдоа на неколку дена за дружење со фамилијата, но короната им ги поремети плановите. Тие организираа прослава во нивниот дом на која се заразиле. Се лекувале во приватна ординација, а во ковид-амбулантата се јавиле дури кога здравјето сериозно им се влошило“, открива еден од соседите.

Проф. д-р Радмило Јанковиќ, заменик директорот на Клиничкиот центар во Ниш, вели дека лекувањето на ковид-пациенти во приватните ординации може да биде многу проблематично.

„Не поради парите што ќе ги дадат, туку главно поради несоодветните терапии кои отскокнуваат од протоколот кој се применува во државните институции“, вели тој.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Експертите едногласни: Оваа диета во три фази е идеална за жени над 40!

Овој режим на исхрана овозможува брзо слабеење, нутриционистите го препорчуваат, а повозрасните жени го обожаваат. Станува збор за диета којашто се базира на правилно функционирање на цревата и е совршена ако имате подуен стомак. Диетата Г го стимулира развојот на бактериите во црвета, го забрзува метаболизмот и варењето на храната. […]