fbpx

Потресно! Мајка на малолетно дете умира, семејството се одлучи за ова!

Ѝ остана уште малку време

Беки Еспинал има 33 години, а семејството ѝ подготви предвремена божикна прослава бидејќи е неизвесно уште колку ќе живее.

Пред тринаесет години кога останала бремена со синот Алфи, лекарите ѝ дијагностицирале Хантингтонова болест (хронично, невродегенеративно мозочно заболување).

Поради неизвесноста со која се соочуваат секој нареден ден, нејзината мајка Лиса одлучи семејството да се собере и порано да го прослави христовото раѓање со богата трпеза и сите адети кои вообичаено ги практикуваат.

„Здравствената состојба на Беки е драстично влошена. Едно време беше сместена во дом за нега, поради короната можевме да ја гледаме само преку прозор, а сега ја вративме дома. Не може да оди и да зборува, а во последно време тешко и голта, што значи дека крајот е многу блиску. Алфи никогаш го нема прославено празникот со мајка си, едноствано немаше услови за тоа, па сега сакаа се’ да биде совршено“, открива Кристи Смит, блиска пријателка на семејството.

Фото: Принтскрин Јутјуб/Мирор

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Проверете! Овие букви на вашата дланка кријат цела судбина

Хиромантија! За некои духовна пракса, за други цела наука Постојат луѓе кои веруваат во ова учење старо илјадници години и тврдат дека е можно да се разбере судбината на една личност од линиите на дланките. Според оваа животна филозофија, суштинските линии на дланките се во вид на букви, мали се, […]