fbpx

Глас и стас кои нема да ги заборавиме: Македонија тагува по Томе

Тажна вест

Почина Томе Јанчевски-Мечето, долгодишен секретар на фудбалскиот клуб Пелистер.

Оваа функцијата ја извршуваше речиси две децении.

„Јанчевски беше секретар и најблизок соработник на неколку најдобри претседатели на Пелистер, сведок на сите случувања, кога Битола беше центар на македонскиот фудбал, активен учесник во многу победи и успеси на клубот, активен учесник во многу фудбалски трансфери на фудбалери и тренер“, пишува „Битола њуз“.

Беше препознатлив по својот карактеристичен имиџ, а битолските љубители на фудбалот Мечето ќе го паметат и по неговиот продорен глас кога редовно реагираше на некоја судиска одлука на штета на Пелистер или за некој неспортски потег на противничките фудбалери.

Јанчевски имаше 70 години.

Следни Објави

Неверување по смртта на Филип: Имаше само 34 години

Тажна вест ја потресе спортската јавност Некогашниот одбојкар на Црвена Ѕвезда и на Партизан, Филип Самарџиќ, ненадејно почина на 34 години. Причината за смртта е воспаление на белите дробови, пренесуваат српските медиуми. „Најубавите години ги помина во Партизан. Покрај успешната спортска кариера, беше и успешен академски граѓанин, со диплома од […]