fbpx

Битола го врати во живот: Аки Рахимовски никогаш не нè заборави

На 66-годишна возраст почина Аки Рахимовски, легендарниот фронтмен на „Парни ваљак“.

Тажната вест ја потврди и неговиот менаџер.

„Утрово му се слоши, па заврши во болница во Ново Место. Пред еден час ни јавија дека починал, не ја знаеме уште причината за смртта“, изјави неговиот менаџер Дамир Осредечки.

Рахимовски е роден во Ниш, но порасна во Скопје. Тука го стекна музичкото образование, учејќи клавир и пеење.

Беше горд на своите корени. Оствари соработка со бројни македонски музичари, а во 2019 година ја отпеа „Мајко“ на најубав македонски јазик, проект кој го сними во соработка со Игор Атансовски- Харе.

Последен пат во Македонија гостуваше лани, заедно со Дадо Топиќ, како гостин во Битола на концертот „Рок-симфонија“ кој се одржа на Ракометното игралиште. 

„Битола ме врати во живот, сите нас нè врати“, изјави пред неговиот настап.

Во текот на 2018 година Аки доживеа мозочен удар, а по неколку месеци вака зборуваше за болеста.

„Сега е се’ во ред, па се гледа по мене. Ги променив животните навики, искрено тешко, но навистина се’ ќе биде во ред“, изјави тој во едно интервју.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Двапати се женеше, стана дедо, па му се роди ќерка: Рахимовски го криеше приватниот живот

Аки Рахимовски, фронтменот на „Парни Ваљак“ кој почина на 66-годишна возраст, беше вистински рокер, а така и живееше. Легендарниот музичар во седмата деценија од животот по трет пат стана татко. Ќерката Антонија ја доби со 27 години помладата девојка Барбара Весел, по професија здравствен работник. Од претходните бракови ги има […]