По кратко боледување, денеска почина познатиот битолски интернист д-р Јорго Бошев, информира порталот „Апла“.
Целиот свој работен век го посвети на битолското здравство.
Работеше во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола на Одделението за интерна медицина.
Беше прочуен експерт за лекување бубрежни болести. Битолчани го паметат како хуман и достапен лекар, експерт во својата област.
Опелото ќе се одржи утре во Св. Димитрија, а погребот на Светонеделските гробишта во Битола.