fbpx

Тажен ден во Македонија: Беше извонреден, почивај во мир!

Почина проф. д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Проф. д-р Бајалџиев беше и поранешен министер за образование и наука, поранешен декан на Факултетот и член на Деканатската управа.

„Со неговата смрт загубивме драг и почитуван колега, доајен од областа на вовед во правото и автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и особено ценет пријател“, напишаа неговите колеги од Правниот факултет.

Посмртните останки на проф. д-р Бајалџиев ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел утре (16 август) од 13 до 14 часот.

Следни Објави

Огромна тага! Почина актерката од „Беверли Хилс“, нејзината сестра ќе ве расплаче

Почина телевизиската актерка Дениз Дауз по тешка борба со вирусен менингитис, соопшти нејзиното семејство. Глумицата која се прослави во хит-серијата „Беверли Хилс 90210“, а подоцна играше и во „Несигурна“ имаше 64 години. Нејзината сестра Трејси сподели трогателна посвета на социјалните мрежи. „Сакам да го искористам овој момент да им се […]