На 76-годишна возраст почина познатата актерка Џој Чемберс Гранди.
Глумеше во неколку мегапопуларни сапуници, а публиката најмногу ја памети како Рита во „Немирни години“, д-р Робин Портер во „Младите лекари“ и како Розмари Даниелс во „Соседи“.
Втората сопруга на покојниот австралиски мултимилионер и ТВ-магнатот Рег Гранди, починала во сон во неделата наутро, соопшти нејзиното семејство.

„Џој почина во сон рано утринава опкружена со своите најблиски“, стои во официјалното соопштение на семејството.
Популарната актерка е родена како Каролин Џој Чемберс во Ипсвич, Квинсленд во 1947 година.