fbpx

Потресно! Починаа Наталија и нејзиниот син, причината е страшна

Трагичен настан што се случи пред неколку месеци, конечно доби свој епилог

Полицијата ја соопшти причината за смртта на едногодишниот Хари кој падна во бессознание и никогаш не се разбуди откако претходно почина неговата мајка, 27-годишната Наталија Кејн.

Британските служби ги пронајдоа двете тела во семејниот стан, кога роднини на жртвите пријавиле дека не можат да ја контатираат мајката на која мобилниот цело време ѝ бил исклучен.

Наталија имала бурно минато и се лекувала од зависности, но тестовите кои ги направила една недела пред трагедијата покажале дека во урината има само од препишаните метадони.

Страдала од депресија и била жртва на семејно насилство, а работела во армијата како возач на камион, пред да добие отказ поради проблеми со алкохолот. Помош побарала во институции за поддршка на зависници, како и од невладини организации за заштита на жени.

Немала контакт со таткото на детето, Нејтан Рајан, наводно за да не им се врати на лошите навики. Оние кои ја познаваат велат дека била грижлива мајка и дека секојдневно го носела Хари во најблискиот парк.

Наталија била пронајдена мртва на подот во дневната соба, а подоцна се покажа дека била предозирана. Нејзиниот син бил пронајден во бањата, а според обдукцијата детето било живо неколку дена по смртта на мајката пред да почине од тешка дехидрираност.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тажен ден! Естрадата се простува од него, нека почива во мир!

Уште еден живот прерано згасна На 57-годишна возраст почина Златко Јосиќ, концертен промотор, менаџер и вистински вљубеник во музиката. Според пишувањата на српските медиуми, изгубил контрола над возилото поради влошена здравствена состојба. Беше еден од најголемите борци за рокенролот во регионот, организатор на многу концерти, а пејачите имаа само пофални […]