fbpx

Утре е тежок празник: Никако не правете го ова!

Секоја година на 11 септември се одбележува празникот посветен на погубувањето на Св. Јован Крстител. Во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен.. Поради значењето на овој светец, црквата овој ден го прогласила за строг пост.

Иако Свети Јован е погубен пред Пасха, празникот е поместен на овој ден затоа што тогаш е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена.

Значењето на Свети Јован Крстител неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл.

Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.

Следни Објави

Умре во сауна: Јована Јеремиќ во шок, ја откри причината за смртта

Неговата смрт ја скрши! Популарната српска водителка Јована Јеремиќ не може да се помири со лошата вест која штотуку ја дозна. На 60-годишна возраст синоќа почина познатиот астролог Душан Величковиќ. Српските медиуми информираа дека без знаци на живот бил пронајден во базенот на еден велнес-центар. Веста за неговата ненадејна смрт […]