fbpx

Умре во сауна: Јована Јеремиќ во шок, ја откри причината за смртта

Неговата смрт ја скрши!

Популарната српска водителка Јована Јеремиќ не може да се помири со лошата вест која штотуку ја дозна.

На 60-годишна возраст синоќа почина познатиот астролог Душан Величковиќ. Српските медиуми информираа дека без знаци на живот бил пронајден во базенот на еден велнес-центар.

Веста за неговата ненадејна смрт ја потресе регионалната јавност. Величковиќ соработуваше и беше пријател со бројни познати личности, меѓу кои и Јована.

„Шокирана сум. Бевме добри пријатели, баш пред некој ден гостуваше кај мене“, изјави таа.

Водителката откри и како Душан починал.

„Бил во сауна. Веројатно е во прашање срцев удар. Имаше проблем со висок крвен притисок, знам дека имаше здравствени проблеми“, вели Јована за „Телеграф“.

Величковиќ редовно се појавуваше на екраните и го пренесуваше своето знаење за астрологијата. Токму тој го предвиде и разводот на поп-ѕвездата Седверина со поранешниот фудбалер Игор Којиќ.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Почина мојата мајка: Македонскиот музичар скршен од болка (ФОТО)

Тажен ден во домот на докажаниот македонски музичар Горан Алачки. Почина неговата мајка за која беше особено приврзан. „Почина мојата мајка Натка Алачка. Погребот е утре, недела, во 13.30 часот на градските гробишта во Радовиш“, напиша тој на „Фејсбук“. Токму на социјалните мрежи често споделуваше фотографии со неа. Последната слика […]