fbpx

Татко на две деца: Ова е македонскиот нуркач кој почина кај Вис

Граѓанин на Македонија почина откако му се слошило додека нуркал во вторникот во областа Бриони кај Вис.

Како што јавија хрватските медиуми, веднаш била испратена брза помош за да интервенира, но веќе било предоцна.

Познат е и идентитетот на нуркачот. Станува збор за Игор Петрушевски од Скопје, објави нуркачкиот клуб Амфора од Охрид.

Петрушевски е татко на две малолетни деца, пренесе порталот „Република“.

Областа Бриони кај Вис е една од најатрактивните за нуркање на Јадранското Море.

Следни Објави

Нова трагична вест во Македонија: Почина Атанасовски

Домашниот спорт загуби уште еден голем човек Почина Славе Атанасовски-Чаве, првиот селектор на нашата ракометна репрезентација. Под негово водство, Македонија во 1993 година го одигра првиот официјален репрезентативен меч во Романија. Играчката кариера ја почна како голман во Партизан, но брзо беше прекомандуван во бек. Потоа премина во Графичар, клубот […]